Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за напад на сопруга, четири физички напади, на пат пронајдено повредено лице, сообраќајни контроли

На 22.12.2021, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице од Битола затоа што, по претходна расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 22.12.2021 во СВР Битола, 57-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом во Битола нејзиниот син физички ја нападнал неа, неговата сопруга и нивното малолетно дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.12.2021 во СВР Битола, 42-годишна жена од Битола пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.12.2021 во СВР Битола, 47 жена од Тунис, со место на живеење во Битола пријавила дека во село Кукуречани била физички нападната од 54 лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.12.2021  во СВР Битола, Т.Ѓ. (47) од село Крстоар, битолско, пријавил дека, при  извршување на работни задачи во фабрика во Битола, бил физички нападнат од 44 лице од Битола. Се работи на расчистување на случајот. 

На 21.12.2021 во СВР Битола било пријавено дека на патот во село Нижеполе, битолско, со повреда при пад на патот бил пронајден 67 годишник од Битола. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 41 мерки од кои 21 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 20 мерки за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 

Свр Битола

More from ВестиMore posts in Вести »