Press "Enter" to skip to content

Тројца основци на државното првенство во пинг-понг

По одржаните општински натпревари во пинг-понг за основните училишта, во организација на Сојузот за училиен спорт од Битола, деновиве најдобро пласираните се натпреваруваа на државно првенство во пинг – понг, кое се одржа во Тетово.

На ова државно првенство на кое се натпреваруваа 70 ученици од државата, Општина Битола се претставени со 3 ученици, кои ги освоија следните пласмани:-Филип Ангела од ОУ “Климент Охридски“, го освои 4 тото место,

-Дарко Китановски од ОУ “Коле Канински“ 8 то место и

-Миа Диневска од ОУ “Даме Груев“ се пласира на 10 тото место.

More from СпортMore posts in Спорт »