Новогодишната програма на Општина Битола која е насловена “Зимска приказна“ а ќе се одржува на платото кај Офицерскиот дом во Битола, започнува денес.
Во 17 часот кога е закажана попладневната програма ќе настапат – Dj RICARDO, DANNY– L, T- ZOBE, Dj Acika .
Во вечерниот термин во 20 часот ќе настапи групата “Фолтин“.
Од денес стартува и новогодишна уметничка работилница за деца која ќе се држува до 27 декември во организација на НУ Завод и Музеј Битола.