Press "Enter" to skip to content

Годишно собрание на “Еснаф“, Марио Трифуновски останува претседател (фото)

Во ресторанот “Корзо“ во Битола се одржа годишното собрание на Здружението за угостителство и туризам од Битола на кое присутните расправаа по неколку точки кои беа предложени на дневниот ред.Како прва точка Управниот одбор на “Еснаф“ ја предложи извештај за работата на здружението за 202о и 2021 година, која го образложи претседателот Марио Трифуновски.-Поради пандемијата лани во 2020 година немавме годишно собрание па затоа оваа година ќе дадеме изештај за работењето на “Еснаф“ за две години. Сите знаете како поминавме угостителите  за време на ковид кризата, која за жај се уште трае и ни го погодува нашето работење. Не можеме да се пофалиме со некои активности освен со тоа што баравме на можеби десетина средби со владини претставници намалување на рестриктивните мерки и носење протоколи за работа на угостителските објакти, рече Трифуновски меѓу другото, по што извештајот беше едногласно усвоен.Потоа следуваше точката на дневниот ред избор на претседател на здужението “Еснаф“, а довербата му беше дададе за уште еден мандат на Марио Трифуновски, а за потпретседател е реизбран Пеце Стојчевски.Старо новиот Управен одбор на здружието “Еснаф“ зеде обрска за најскоро време да ја подготви програмата за работа за наредната година и за новиот мандат, која пред членовите, угостителите да ја презентира на средниот состанок.На собранието беше констатирано дека состојбата во овој сектор е тешка и дека мора пред надлежните да се предложат решенија.