Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола се враќа со победа, со клубски рекорд и без пораз

ТФТ Скопје – КК Пелистер 71:74

(15:19, 18:20, 20:22, 18:13) 

Пелистер од Битола останува лидер на табелата и по одигрувањето на вечерашниот натпревар во Скопје, во кој го победија ТФТ, а со тоа и ги поставија клубскиот рекорд клупски рекорд, го завршија есенски дел со максимален учинок, без пораз во Првата лига.

Пелистер, како и се очекуваше тешко дојде до победа, иако беа фаворити, на гостувањето кај ТФТ, во “Кале“ и со тоа ја забележа 11 победа на 11 натпревари, во натпревар кој беше крајно изедначен и се реши на крајот.

Пелистер добро тргнаа во натпреварот, ТФТ играше во грч и дојде до +9 (4:13), а на крајот четвртината домаќините намалија на 15:19. Во втората четвртина беше 19:20, а потоа дојдоа ‘“пелистерци“ дојдоа до 22:33, за на полувремето се отиде со 33:39.

Во третата чествртина Пелистер имаше 53:61, но, ТФТ изедначи на 69:69 на шеесет секунди пред крајот. На крајот Пелистер при водство од два поени 69:71 изнуди неспорстска лична грешка, а потоа ја “завери“ победата.

Најдобар кај битолчани беше Никола Малешевиќ со 17 поени, пред Стојан Ѓуроски и Игор Кесар со по 11 поени. 

До крајот на годината има уште едно коло, Пелистер против МЗТ Скопје во Скопје.

More from СпортMore posts in Спорт »