Press "Enter" to skip to content

Свечена академија по повод 115 години од загинувањети на Даме Груев (фотогалерија)

Во киното “Манаки“ во Битола вечерва се одржа свечена академија по повод 115 години од смртта на Даме Груев која ја организира здруженито на граѓани “Даме Груев“ од Битола, кое има цел да го зачува неговиот лик и дело.Присутните во салата ги поздрави и за делото на Даме Груев зборуваше професорот Ристо Грујовски, претседател на Здружението “Даме Груев“ од Битола.-Револуционерниот апостол, најголемиот револуционерен син, Дамјан Груев, кој со право го нарекуваат најцврст столн вграден во македонската државност, е повод за вечерашната академија, поточно 115 од загинувањето. На почетокот ќе истакнам дека Здружението без разлика на потепкотиите кои ги имавме редовно и успешно ја реализира својата програма која се темели на својот статут, а ја следиме и девизата на нашиот патрон дека трудот, вербата, а најмногу идеалот. Ова е трета јубилејна свечена академија од нашето постоење, по повод неговата смрт, а оваа година одбележуваме и 150 години од неговото раѓање на 15 јануари 1871 година, рече Грујовски, а за Даме Груев додаде.-Дамјан Груев не задолжи да го чуваме аманетот поставен од нашите револуционери, да ги одбележуваме и чуваме големите историски датуми кои не потсетуваат дека нашата држава и слобода се создавала низ борба со големи жртви, а тоа го рекоа и Груев: не е далеку часот кога облеаната во крв Македонија ќе засветли во сонцето на слободатата, па затоа денес со гордост го положуваме цвеќето во негова чест. Големо е делото на Дамјан Груев во македонската историја, а тоа го рече и професорот Ванчо Георгиев, но секако неговото дело се уште бара истражување.На свечената академија зборуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Особена чест и задоволство ми причинува тоа што како градоначалник имам можност да присуствувам и зборувам на оваа свечена академија посветена на Даме Груев. Оваа академија треба да не потсети на жрвтите кои ги дал овој наш македонски народ и да ни бидат патоказ кој треба да го следиме сите ние идните генерации. Битола како град е нераскинливо поврзан со делото и животот на Груев, затоа што овој великан твореше во нашиот град, беше учител во нашиот град, тука го основа и месниот комитет на МРО. Од нашиот град раководеше со голем број на актовности, тука имаше активна патриотска, револуционерна и дипломатска декност, а за се што направи за нашиот град ние сме му вечно благодарни. Неговата дејност треба да ни биде поттик за тоа да го следиме и продолжиме неговото дело. Ние треба сега уште повеќе да го следиме и да биде поттик да продолжиме да работиме во време кога сме негирани, а неговито примет и на останатите великани кои не потклекнаа по цена на своите животи, а тоа и им го должиме.По говорниците следуваше и културно уметничка програма во која учествуваа солисти и инструменталисти од музичкиот центар “Korunovska Music & Singing“,  

Текст и фото: С. Ристевски