Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена граната од Прва светка војна и сообраќајни контроли

На 22.12.2021 во СВР Битола било пријавено дека во стопанскиот двор во “ЗИК – Југ Пелагонија“ во село Кременица била пронајдена граната 105 мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната. 

На 22.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени вкупно 46 мерки од кои 31 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 15 за пречекорување на брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.