Press "Enter" to skip to content

Со Наташа Малинкова започнуваат новогодишните забави во “Расчекор“ секоја вечер до 2 јануари

Ноќниот клуб “Расчекор“ од објави програмата за новогодишните забави кои ќе ги организираат, кои започнуваа денес и ќе се одржуваат секоја вечер се до 2 јануари 2022 година.

Честа да ја отвори новогодишната програма вечерва на 23 декември ќе ја има нашата музичка ѕвезда Наташа Малинкова, следуваат ди-џеи, а во сабота за битолчани ќе пее Бени и “Нон стоп“. Ќе настапат и музички групи, битолските “The Groove“, “Калабалак“ и други.

За новогодишната ноќ на 31 декември, или како стои на официјалниот плакат прва вечер, гостите во ноќниот клуб ќе ги забавува “The Groove“ и ди-џеј Anonymous, на 1 јануари “Куку леле“, на 2 јануари битолската група “Калабалак“.