Press "Enter" to skip to content

Со “Фолтин“ и ди-џеите започна да се “раскажува“ новогодишната “Зимска приказна“ на платото на Офицерски (фотогалерија+видео)

Вечерва на платото на реконструираниот Офицерски дом започнаа случувањата за прославата на Новата 2022 година кои се во организација на Општина Битола, а насловени како “Зимска приказна“.Честа први да започнат да ја “раскажуваат“ “Зимската приказна“ ја имаа битолските ди-џеи и битолската група “Фолтин“.Иако температурите во Битола вечерва беа под нулата сепак голем број на битолчани се одважија и дојдоа на концертот на “Фолтин“ посебно љубителите на нивната карактеристична музика, а покрај во музиката уживаа и се загреваа со топло вино, чај и кафе од штандовите кои се, и ќе бидат на платото пред Офицерски.

Пред и после “Фолтин“ битолчани, посебно помладите и тинејџерите имаа прилика да заиграат во музиката на битолските ди-џеи: Ricardo, T-Zone, Acika i Danny – L.Покрај со напитоци битолчани од штандовите можат дома да понесат прекрасни празнични изработки и да се послужат со храна, а најмалите ќе имаат шанса да се фотографираат со Дедо Мраз.Утре на програмата ќе настапат групата “Паркети“ како и Dj B.Boy, “Сити бенд“, “3 G бенд“, и “КОД 369.На истата локација на која следните 8 денови под отворено небо ќе се случува “Зимската приказна”.

Фото: Дамјана