Press "Enter" to skip to content

Нема ден без физички напади, СВР Битола денес информира за три во градот

На 24.12.2021 во СВР Битола било пријавено дека во 01.55 часот во угостителски објект во Битола, две лица на 22 и 34 години од Битола го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.12.2021 во СВР Битола, М.З. (57) од Битола пријавил дека на ул.„Београдска“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.12.2021 во СВР Битола, 29-годишна жена од Битола  пријавила дека на ул. “Прогрес“ во Битола била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.