Press "Enter" to skip to content

Работна средба и дружење на Коњановски и Илиевска со членовите на ПСК Пелистер на Копанки, општината ќе ја поддржи реконструкцијата (фотогалерија)

Денес, на иницијатива на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на советот на Општина Битола Габриела Илиевска, во соработка со членовите на ПСК Пелистер, денес се одржа работна средба и дружење на Копанки и на неа присутвуваа и претседателот на ПСК “Копанки“ – Диме Попов, членови на клубот, советници, скијачи и други  заинтересирани граѓани на Битола, како и намерници кои денес скијаа на Пелистер.На средбата која беше одржана во импровизираните простории на “Копанки“, а потоа и на отворено на платото пред, за жал изгорениот планинарски дом “Копанки“, се разговараше за идните планови на Општината кои се однесуваат на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“, за тоа в0 каква насока планинарите и скијачите го гледаат и сакаат да во видат Пелистер во иднина. А секако повозрасните искажаа многу сеќавања поврзани со домот “Копански“, скијачката патека, Пелистер…По средбата со планинарите, скијачите и другите градоначалникот Коњановски изјави:-После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред култниот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер, со верба дека наскоро ќе се исполни долгогодишната желба на битолчани: „Копанки“ да биде место за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер. За разлика од претходно, кога „Копанки“ беше само нечие предизборно ветување, денес сме тука, на чај, да разговараме за моменталната ситуација и понатамошните чекори, но и да се соочиме со празнината која за жал во моментот го обзема ова место. Со уважувањето на жалбата на Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ од страна на Вишиот управен суд, поништени се решенијата кои во изминатиот период беа донесени од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски, со кои беше оневозможено обновувањето на планинарскиот дом „Копанки“. Со тоа, оваа постапка е завршена, а согласно законската регулатива, локалната самоуправа ќе даде поддршка за обнова на објектот, кој е еден од симболите на Битола, изграден во далечната 1938 година. Место кое со децении било спој на различни генерации, создавало спомени, а нудело и големи можности за развој на зимските спортови.На средбата на „Копанки“, на која присуствуваа и советниците од Советот на Општина Битола, јавноста беше информирана, дека со преземањето на иницијалните чекори, на радост на сите битолчани, започнува реализацијата на проектот за “Копанки“.-Копанки е на сите и ќе биде за сите нас. Она што неодамна го ветивме, од денес започнува да се реализира. Денес сме тука за да најавиме дека домот “Копанки“ ќе се реконструира во првата година од формирањето на советот, односно во буџетот на Општина Битола за 2022 година се предвидени средства за обновување на планинарскиот дом “Копанки“. Проектот кој беше само во програмата на “Поинаку“ и за кое решавање се залагавме во Советот, од денес, станува реалност, изјави Иван Чулаковски, советник во Советот на Општина Битола.-Добро е што еве денес стгнуваме од нешто, а тоа е за поздравување. Ние кои сме љубители на скијањето, зборувам за мене, но и оние кои ја сакаат планината Пелистер многу ни значи, но верувам дека и на секој битолченец. Имаме многу за кажување, но она што го слушнав дека има кокретни работи за обнова на домот е за поздравување. Сакам да повторам овој дом на сите ни значи многу, и затоа мора да се обнови, ни рече Тони кој денес по многу студено време силен ветар скијаше на Пелистер.