Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија клубските активности, прозивна на 12 јануари

РК Еурофарм Пелистер од Битола ги заврши клупските активности за 2021 година. Подготовките за новата сезона екипата под водство на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб ќе ги започне на 12 јануари 2022 година во Битола. Подоцнежниот тек на подготовките, припремните фази и контролните натпревари дополнително ќе бидат одредени.
 
РК Еурофарм Пелистер 2 своите зимски подготовки за вториот дел од сезоната 2021/22 ќе го започне на 10 јануари 2022 година. Дополнително ќе бидат одредени контролните натпревари во претсезоната.
 
РК Еурофарм Пелистер им посакува многу успех на своите ракометари кои се дел од националните репрезентации на Европското првенство во Унгарија и Словачка.