На 23.12.2021 во близина на Градскиот пазар кај “Турската менза“ во Битола полициски службеници кај 50 годишник од Битола пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства.
Истиот ден, во Градскиот пазар Битола кај друго лице од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од трето лице од Битола одземени биле 66 парчиња.
Во близина на Центарот за култура во Битола биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од лице пред стоковна куќа биле одземени 71 парче пиротехнички средства.
По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.