Press "Enter" to skip to content

Управата на затворот и осудениците со хуман гест, подарија пакетчиња за штитениците од “Кочо Рацин“, педијатрија и децата на осудениците (фото)

Денес во дворот на Заводот за деца со оштетен слух и говот, кој од неодамна е ОУ “Кочо Рацин“ и ресурсен центар, Управата на затворот од Битола заедно со осудениците им поделија новогодишни подароци, кои им ги предаде директорот на Затворот од Битола, Драган Крајовски.-Во овој пред новогодишен период секое дете очекува и е најсреќно кога ќе добие подарок. Управата на затворот во Битола заедно со осудените лица одлучија со дел од паричните средства кои пто ги добиваат од нивната работна ангажираност да купиме новогодишни пакетчиња. Овие новогодишни пакетчиња ќе ги подариме на децата кои во детското одделение во болницата, на децата од Заводот за рехабилитација од слух и говор и глас, како и на децата на осудените лида од затворот од Битола, рече Крајовски, а за овој хуман гест додаде:

-Со овој гест сакаме да покажеме дека и осудените лица можат да бидат хумани, а и сите сакаме да им посакаме среќна нова година и Божикни празници.Директорката на ОУ “Кочо Рацин“ за ресурсен центар “Кочо Рацин“, Валентина Стојковска, за оваа донација рече:

-Тука имаме 84 ученици, дел од учениците се интернатски сместени а дел патуваат секојдневно, а за сите ним доажањето на оразниците се радуваме сите, а посебно дечињата. Тие се радуваат кога ни доажаат гости, но за жал сега кога сме во вакви пандемиски услосви, со посебни протоколи, не можеме да ве примиме во просториите, туку донацијата ќе ја примиме пред влезот, а на дечињата ќе им ги дадат нивните родители. Децата ќе бидат неизмерно радосни, а им се заблагодарувам на донаторите.