Press "Enter" to skip to content

Нов модерен, амбиент во терасата на Градска кафеана на хотел “Епинал“ (фотогалерија)

Битола е градот… “Таму се живот живее, таму се јаде и пие“

Белите модерни лустери кои изгледаат нереално, преливајќи ги боите на светлината го обележуваат обновениот простор на терасата во градската кафеана хотел “Епинал“. Тие се можеби први, кои се забележуваат, но потоа и современо уредениот простор на  отворената тераса која сега е современо уреден простор затворен, пријатен  и топол.Со ова и идеален  за ладните зимски денови. Погледнувајќи и од внатре и надвор новиот лик на просторот изгледа урбано, модерно и шик.Новогодишните декорации само го дополнуваат амбиентот наговестувајќи ги праниците кои доаѓаат овој период на годината. Ова ќе биде идеално место за  прослава на Новогодишните и Божикни празници. Исто така, пријатно место за ручек или вечера со семјството, пријатели, деловни партнери.

Од хотел “Епинал“ истакнуваат дека гостите во новиот амбиент ќе уживаат во добра храна подготвена  од мајсторите на кујната во хотел “Епинал“. Музиката ќе ја дополни празничната атмосфера. Многу познати имиња од македонската естрада ќе ги забавуваат гостите, кои ќе уживаат во новиот простор со сите сетила, поврзувајќи добри спомени со нив. На влезот во Градската кафеана стои  “Битола е градот“ овој период и стиховите од  песна за Битола “Таму се живот живее, таму се јаде и пие…“

More from КомерцијаMore posts in Комерција »