Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хијатус хернија

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за хијатус хернија, за што вели:

-Желудникот е шуплив мускулен орган во кој се лачат значајни ензими (пепсиноген, интризинг фактор, гастрин) HCL киселина битни за варење и ресорпција на храната. Почетниот дел на желудникот или кардија на желудникот е спој со хранопроводот потоа корпус па антрум и пилот премин во дуоденумот. Хијатус хернијата претставува преминување на дел од интаабдоминалниот дел на хранопроводот и желудникот низ дијафрагмалниот отвор во торакалниот дел при што чести клинички симптоми се киселини, подждригнување срцебиење, гушење, стегање зад градната коска интензивирани при обилни оброци и лежење.                                                                               

Најчесто има лизгачки тип на хернија во 80% кога дел од хранопроводот и желудникот минуваат низ дијафрагмалниот отвор и се враќаат назад, поретко параезофагеална хернија кога дел од фундус обвиткан со перитонеум оди во медијастунум.

Дијагнозата се поставува врз база на клиника,анамнеза,ултрасонографија со дистендираност на желудник и голема содржина на гасови а се потврдува со гастроскопија и контрасни рентгенски снимање, чести придружни заболувања се ГЕРБ, Ерозивен езофагитис, хроничен гастритис.

Лекувањето е со 5 до 6 мали оброци, избегнување на зачинета храна газирани пијалоци ,примена на антациди, блокатори на водородна пумпа есо епразол, пантопразол кај посложени случаи и со хируршка интервенција од искусни дигестивни хирурзи.