Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 4 лица без сертификат во угостителски објект, пожар, починат работник во РЕК “Битола“, сообраќајни контроли

На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти,  кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул. “Рајко Жинзифов“ во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат,  а регистрирано е и  точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.

На 24.12.2021 во 20.35 часот во СВР Битола T.С. од Битола пријавил дека во 20.20 часот во визба од семејната куќа на ул. “130-та“ настанал пожар со кој била зафатена истата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Битола. Увид ќе се врши.

На 24.12.2021 околу 06.40 часот во СВР Битола е пријавено дека во РЕК Битола, рудник „Суводол“ на 74 возраст од од Битола, вработен како обезбедување му се слошило и починал. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош. Увид на лице место извршила екипа од полициско одделение Новаци, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Во текот на вчерашната вечер (24/25.12.2021) во периодот од 22.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 35 возачи.  Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.