Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец возел со 4,28 промили алкохол, тројца краварци нападнале полицаец, две тапачки во кафеани и три лица нападнати од други три лица

Во текот на вчерашната вечер (25/26.12.2021) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 27 возачи. На офоцијалната страницата на МВР, објавена е фотографија од “дрегер“ на кој се запишани 4,28 промили алкохол во крвта кај стопиран битолчанец.

На 25.12.2021 во 14,50 часот од полициски службеници биле лишени од слобода три лица на вораст од 29, 28 и 56 години сите од село Кравари, битолско, затоа што истиот ден околу 14,00 часот во село Кравари физички нападнале полициски службеник. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 26.12.2021 во 02,40 часот било пријавено дека во Битола три лица од Битола на возраст од 20, 29 и 21 година биле физички нападнати од три лица. Се работи нарасчистување на случајот.

На 26.12.2021 во 03,30 часот 33 маж од Србија пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од повеќе лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 26.12.2021во 05,00 часот И.Ј. (26) од Битола пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот во угостителски објект во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.