Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 15 позитивни на ковид-19, оздравени 17, активни 341 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 15.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од Битола се 17.

До сега во Битола има 9.174 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 341 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 92 и преку “Плодност“ 69 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.