Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно облачно со слаб до умерен ветер, можен дожд

Денес, недела, 26 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, со можност за дожд. Максималната температура во Битола ќе биде до 13 степени.

Утре, понеделник, 27 декември, во Битола, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 11 степени.