Press "Enter" to skip to content

Гоце Гецовски победник на брзопотезниот шаховски турнир “Пелагонија 21“

Во Офицерскиот дом во Битола се одржа турнирот во брзопотезен шах, организиран од страна на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола и шаховскиот клуб Прилеп, кој носеше наслов “Пелагонија 21“.Брзопотезниот шаховски турнир го отвори Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, а на шахистите и присутните во салата им се обрати претседателот на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола, Сашко Павловски.Првото место на турнирот го освои битолчанецот Гоце Гецовски, второто Кире Николоски од Прилеп, а третопласиран е Дејан Ѓоргески од Прилеп.  Најдобро пласиран играч до 18 години е Марјан Христовски од Битола.Натпреварите во шах се одиграа на систем 9 кола “швајцарски систем“ според ФИДЕ правилата за брзопотезен шах каде играчите добиваа по 5 минути со додаток 3 секунди по потег.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »