Press "Enter" to skip to content

Последниот билјард турнир оваа година во “9-ка“ за битолчанецот Илче Трајковски

Деновиве се одржа и последниот турнир во Македонија за оваа година кој се одржа во “Гран клуб“, во дисциплина “9-ка“ од категоријата “хендикеп турнири“. Билјард играчите од Битола и овој пат со 7 играчи беа најбројни, а со тоа уште еднаш ја докажаа своја сериозна намера да владеат во “пул билјард“ за наредните години. 

На овој турнир беа присутни 25 играчи, сите играчи од “А“ дивизијата, најдобрите од “Б“ дивизијата и шампионот во “снукер“ за оваа година, Берат Јашари. Јашари беше противник во финалето на Илче Трајковски од Битола.

Турнирот со сите победи го освои, Илче Трајковски, прикажувајќи многу добра игра, а особено добро се носеше со ситуацијата во полуфиналето и финалето, нешто што знаеше да му се припише како слабост во неколку изминати турнири, но овојпат како што му доликува беше на висина на задачата.

На овој последен овогодишен турнир добра игра прикажа Тино Бојаџиев кој тесно загуби од финалистот кој на овој меч не направи ни една грешка, иако нашиот играч имаше дури три “марса“ (ситуација кога играчот без грешка го завршува фрејмот).

На турнирот се доделија и наградите за најуспешните во годинава што заминува, а со најголеми почести беше прогласен шампионот во “Б“ дивизијата нашиот Димитар Симовски – Рашка и неговата промоција во “А“ дивизијата. Успехот на Симовски му го честита  генералниот секретар со доделување на пехар и диплома. 

Инаку, се работи за систем на натпреварување каде што играчите од понизок ранг добиваат, а со цел да се изедначат силите на масата, повеќе можности за завршување на “фрејмовите“ (партиите) со тоа што во зависност од рангот можат да завршат и со топката број 7 или 8 и со тоа играта добива на тежина ако се земе во предвид и дека се игра на мал број добиени фрејмови.

More from СпортMore posts in Спорт »