Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 7.
Регистрирани сe 257 оздравени пациенти од Битола се 21.
Досега во Битола има 9.181 лице кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 326 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 49 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.