Press "Enter" to skip to content

Денес 4. седница на Советот на Општина Битола, мандат за нов советник, стадионот со ново име “Петар Милошевски“…

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска за денес ја закажа 4. седница на Советот на Опптина Битола на која според дневниот ред има 54 точки.

На седницата ќе се расправа за верификација на нов мандат, фискални планови на јавните претпријатија, оперативни програми, програми на Општина Битола, промена на името на фудбалскиот стадион “Петар Милошевски“…

На дневен ред се следните точки:

1.Заклучок за констатирање престанок на мандатот на Пеце Милевски член на Советот на Општината Битола.

2. Решение за избор на претседател и членови на Верификационата комисија.

3. Верификација на мандатот за член на Советот на Општината Битола од кандидати на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

4. Финансиски план за работа на ЈП „Комуналец“ за 2022 година.

5. Финансиска програма за одржување на јавната чистота на јавните површини на територија на Општината Битола за 2022 година

6. Финансиска програма за одржување на јавните зелени површини на територија на Општината Битола за 2022 година

7. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуорецентните светилки со лед светилки заради поголема енергетска ефикаснсот на целиот систем за улично осветлување) на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.

8. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување на подрачјето на Општина Битола, рурални средини реони Бистрица, Цапари и Кукуречани за 2022 година.

9. Оперативна програма за поправка и одржување на улично осветлување на подрачјето на Општина Битола за град Битола за 2022 година.

10. Годишен план и Програма за работа на KЈП „Нискоградба“ за 2022 година.

11. План за работа на ЈП „Пазари“ за 2022 година.

12. План за работа на ЈКП „Водовод“ во 2022 година.

13. План за работа на ЈП „Жабени“ во 2022 година.

14. Финансиски план и програма за работата на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2022 година.

15. Програма за работа за 2022 година за ЈППЈЛП Битола.

16. Програма за работа за 2022 гидина на ЈОУ Културен информативен центар Битола.

17. Годишна програма за работа на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола за 2022 година.

18. Финансиски план на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“Битола за 2022 година на

19. Програма за одржување комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општината Битола за 2022 година.

20. Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Битола за 2022 година.

21. Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2022 година.

22. Програма за измени на Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2022 до 2024 година.

23. Програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.

24. Програма за животната средина за 2022 година.

25. Оперативен план и програма за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализациониот систем, јавна депонија Мегеленци, дивите депонии и ѓубришта на Општина Битола во 2022 година.

26. Оперативен план и програма за контрола и уништување на комарците на територијата на Општина Битола за 2022 година.

27. Програма на Општината Битола за култура во 2022 година.

28. Програма за јавни дејности (образование) во Општина Битола за 2022 година.

29. Програма за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2022 година.

30. План за измени и дополнување на Социјален план на Општина Битола за 2021-2024 година.

31. Програма за социјална заштита во општина Битола за 2022 година.

32. Програма за економски развој во Општина Битола за 2022 година.

33. Програма за туризам во Општина Битола за 2022 година.

34. Програма за еднакви можности 2022 година.

35. Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.

36. Измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола за 2016/2017година.

37. Извештај за реализација на Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Битола од 01.01.2021 до 31.12.2021 година.

38. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Могила.

39. Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци.

40. Одлука за престанување на важење на Одлуката за престанок и давање на времено користење на недвижни ствари без надоместок на ЈЗУ „Д-р Хаим Абравенел“Битола.

41. Одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во Општината Битола.

42. Одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната вредност на градежното земјиште за календарска 2022 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на Општина Битола по катастарски општини.

43. Одлука за одредување на просечна цена за утврдување на пазарната вредност на земјоделско земјиште, шумите и пасиштата за календарска 2022 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на Општина Битола по катастарски општини.

44. Одлука за примање донација за новогодишно украсување од ГРИН ВЕЈ ДООЕЛ Скопје.

45. Одука за промена на името на Фудбалскиот стадион од ,,Под Тумбе Кафе“ во Фудбалски стадион ,,Петар Милошевски“.

46. Заклучок за усвојување на ЛОД Методологија за распределба на јавни средства до граѓанските организации.

47. Измени на Годишен план за вработување во општинската администрација на Општина Битола за 2022 година.

48. Годишен план за вработување во ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2022 година за 2022 година.

49. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредностана бодот за платите на вработените во ЈКП Водовод Битола за 2022 година.

50. Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на општината Битола за 2022 година.

51. Решение за разрешување и иманување член во Комисија за финансии и буџет.

52. Решение за разрешување и именување член во Комисија за урбанизам и заштита на животната средина.

53. Решение за разрешување и именување на член во Комисија за економски развој.

54. Решение за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЗОО Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »