Press "Enter" to skip to content

Лидија Павловска нов советник во Советот на Општина Битола на местото на Пеце Милевски

На денешната 4. по ред седница на Советот на Општина Битола беше извршена верификација на мандатот за член на Советот на Општината Битола од кандидатите на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а тоа е Лидија Павловка.

Лидија Павловска е наставник во ОУ “Коле Канински“ во Битола, била директор на училиштето и долгогодишен партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидија Павловска доаѓа на местото на Пеце Милевски, на кој му престана советничкиот мандат по именувањето на в.д. директор на ЈКП “Водовод“ од Битола.

Павловска беше на 15. место на советничката листа со кандидатите за Советници на  ВМРО-ДОМНЕ и коалицијата. Пред Павловска на листата беа на 12. место Жанета Ангелевска од ПОДЕМ, Сашо Никовски на 13. и Викторија Христовска на 14. но партискиот избор на ВМРО-ДПМНЕ е Лидија Павловска.