Press "Enter" to skip to content

ОУ “Св. Климент Охридски“ со хуманитарни донаторски акции за Нова година

Новогодишните празници се повод за дарување. Во тој дух, донаторски акции беа органзирани во ООУ “Св. Климент Охридски од Битола. Новогодишни пакетчиња добија ученици од нивното училиште  во успешната донаторска со мото „Од нас за нас“,  новогодишни пакетчиња  донираа и во ОУ “Кочо Рацин“ во Битола, кое сега е и ресурсен центар. По тој повод директорката, Гордана Анастасова, изјави.  

-По успешната хуманитарна акција која се спроведе во нашето училиште со мото  “Од нас – за нас“, а ја организираше педагошко психолошката служба и нашиот дефектолог, одлучивме да ги израдуваме учениците од Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“.  Идејата за оваа хумана акција започна со голема љубов и надеж дека во духот на дарување, ќе им ги разубавиме претстојните празници на оние на кои им е најпотребно.  Пораката е дека тука сме едни за други, а празниците се време кога треба да се покажат солидарност и хуманост, со цел сите да се израдуваат и почуствуваат топлина. Тука би искажала голема благодарност до нашите ученици кои донираа. Им посакувам да ја негуваат хуманоста во себе како дел од нивната животна етика, која ќе ја отсликува нивната големина понатаму во животот. 

Ж. Ристевска