Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи МЗТ во Скопје, титулата “на пат“ за Битола

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 78:93

Последниот натпревар во 2021 година на кошаркарите на Пелистер од Битола не донесе ништо ново, едниставно се е по старо, нова победа за “12 од 12“ и лидерство на табелата со максимален учинок на кошаркарите од Битола. Победата е поголема бидејќи е над директниот конкурент за титулата, која битолчани ја очекуваат за прв пат.

Пелистер одлично започна одлични и по првата четвртина имаше 19:26, битолчани во еден момент имаа и 12:26, а таа разлика се “стопи“ во завршницата, посебно по промашувањата од далечина. По само две и пол минути од втората четврина МЗТ се врати на -2 (27:29). Следуваа поени на битолчани за 29:36. На крајот од втората четвртина МЗТ го презеде водството, а на одмор се отиде со 44:39.

Во третата четвртина, во 24. минути беше 51:51. Ревија на тројки беше третата четвртина од натпреварот, а подобри беа “пелистерци“ кои во 26. минута поведоа со 59:57, а третиот квартал заврши со 61:70, или со +9 за Пелистер. Во последната четвртина МЗТ Скопје со  серијата 9:0 дојде до -5 (70:75). Тројките на Малешевиќ, па на Стајиќ, однесоа Пелистер  на 81:70, а потоа и до недостижни 70:87, а потоа за крај 78:93, или за конечни во 2021 година, 12. натпревари, 12. победи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »