Press "Enter" to skip to content

Поддршка за ски-патеката Копанки

“One mountain One love“ е слоганот кој ја слави планината е Баба, а љубовта е за многумина ски-патеката “Копанки“. “СН финансии“ се вклучија со спонзорство за реализација на проектот обезбедување на безбедност на скијачите за што со нивна финансиска поддршка е поставена опрема согласно правилата за скијалишта и помогнаа да се направи отворената платформа за сите посетители кои сакаат да уживаат во убавините на нашиот Пелистер на оваа точка за одмор.

-Во Пелистер мора да вложуваат сите компании кои имаат битолски адреси. Планината се сака и со љубов и со однос кон нејзината убавина и со грижа кон неа, но и со директна финансиска поддршка, ако се може. Сите битолски големи компании имаат буџети за маркетинг. Добро е мал дел да одвојат за Пелистер, кој верувам сите го сакаме многу и често му се враќаме. “СН финансии“ е компанија која секогаш гледа со радост кон нешто што се прави и оттука беше и нашата желба да помогнеме во рамките на можностите. Средствата кои ги одделивме се наменети за обезбедување на столбовите од жичарата, согласно критериумите за безбедност кои треба да ги има ски-патеката. За жал, досега ова не беше направено. Помогнавме со средства и во обележување и безбедност на скијалиштето по нормите кои ги побараа експертите кои ски-центарот “Копанки“ ги консултираше. Помогнавме и да се изгради отворената платформа за сите да имаат место за одмор во еден скијачки ден, со поглед на стазата на која сите ние сме се качиле за прв пат на скии. Посакуване зима со многу снег и среќни лица, истакна Никола Јошевски генерален директор на “СН финансии“.