Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола
Во година што доаѓа носиме одлуки за промени на себе. За подобра емоционална состојба, комуникација со другите и задоволство со себе.. Имено често постојат грешки во нашето размислување кои не водат до социјална анксиозност и други емоционални тешкотии, понекогаш и депресија.
Променето го размислувањето кое води до несреќен живот
ЧИТАЊЕ НА МИСЛИТЕ НА ДРУГИТЕ : Претпоставувате дека знаете како другите луѓе размислуваат без реални докази.
Пример: „И сега сите мислат, дека испаднав глуп“.
ИГНОРИРАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА – не вреднувате или не придавате значење на позитивните искуства.
Пример:„ Се разбира дека ми даде комплимент, но сакаше да биде културен/а…“
„Ме пофалил, но тоа и се очекуваше кога сме во тимот…“
ОКРИВУВАЊЕ : Мислите дека другите луѓе се „виновни“ за вашите емоции, односно кај вас предизвикуваат негативни чувства, наместо да превземете одговорност за својот живот.
Пример: „Да не ме изнервираше мајка ми пред испитот, сигурно ќе го положев“.
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА – Си ја припишувате на себе целата вина, а не гледате дека и другите носат свој дел на одговорност.
Пример: „Не е важно што тој тргна без жмигавец, до судар немаше да дојде бидејќи не бев сконцентриран“.
СПОРЕДУВАЊЕ – се споредувате со луѓето кои се во нешто подобри од вас, а ги игнорирате оние кои се полоши.
Примери :„Сите девојки од моето семејство веќе дипломираа“.При тоа го занемарувате дека на вашите студии стигнаа само половина од студентите од генерацијата.
Пример: „Сите мои пријатели…постигнаа многу повеќе во животот“
ЦРНО БЕЛО МИСЛЕЊЕ : Тенденција да се мисли по принцип СЕ или НИШТО.
Пример: „Ако работата не ја направиш совршено, подобро и да не си ја започнувал.“
ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА – подразбирате дека постојано ќе се случува нешто лошо на крај, ќе се повторуваат лоши исходи на крај.
Пример „ Очекување дека после еден, пораз, раскин на врска, паѓање на испит, не ве примиле на работно место…е тоа ќе се повторува или следи.
КАТАСРОФИРАЊЕ – Очекувате најлош можен исход
Примери „Ќе паднам на овој испит и никогаш нема да го положам“.
„Никогаш нема да ме примат на ова работно место“.
Никогаш нема…тука се многу работи за кои размислувате на овој начин..
ТРЕБА И МОРА – Уверувања дека знаете како „треба“ работите да бидат, наместо да ги прифаќате такви како што се.
Пример „Тој требаше да ме повика за да одиме заедно некаде…“
ЖАЛЕЊЕ – Размислување за тоа што можевте во минатото да направите подобро, наместо да се фокусирате на она што сега го правите.
Пример „да се јавев на тој оглас, сега ќе имав подобра работа“.
ШТО АКО ?- Ако секоја мисла ја завршувате со ШТО АКО ?
Пример „ Добро, но што ако не успее? Што ако не ми се јави?…
Првиот чекор е да се открие погрешниот начин на размислување, а потоа да се промени во корисен начин на размислување. Како последица на овие промени се менува и емоционалнаа состојба на личноста.