Новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа на седница на Централниот одбор ја доби довербата да биде мандатар на новата влада на местото на Зоран Заев, а ги соопшти и имињата кои ќе бидат негови најблиски соработници и членови на Извршнот одбор на СДСМ, а меѓу нив е пратеничката од Битола.
За еден од петте потпретседателот на СДСМ е избрана и Бисера Костадинова Стојчевска од Битола.
Бисера Костадинова Стојчевска е актуелен пратеник во Парламентот, инаку е професор на Педагошкиот факултет во Битола.