Денес, вторник, 28 декември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде умерено до значително облачно, со слаб ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени.
Утре, среда, 29 декември, во Битола, времето ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд. Наутро ќе има услови за појава на магла понекаде во котлините. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 9 степени.