Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 32 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, починато едно лица на 52 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 32.

Регистрирани сe 289 оздравени пациенти од Битола се 9. 

До сега во Битола има 9.213 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 348 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица, едно починато лице е од Битола на возраст од 52 години. Од вкупниот број на починати лица (n=10), 3 лица се целосно вакцинирани.

Направени се преку  ЦЈЗ Битола 81 и преку “Плодност“ 54 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.