Press "Enter" to skip to content

Највисока Гран при награда и “Златно тавче“ за студенти од УКЛО – Битола на гастрономски фестивал во Турција (фотогалерија)

Во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски, одржа прием на тимот студенти од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, коишто на 18. Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул освоија Гран при награда. Во конкунренција од преку 700 натпреварувачи, студентите на УКЛО – Битола, Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски под менторство на професорот Климент Наумов постигнаа огромен успех и во индивидуална категорија и се закитија со две златни, една сребрена и три бронзени медали. Според професорот Климент Наумов екипата од УКЛО – Битола и ако најмала се покажа како најплодоносна.Највисоката Гран при награда студентите од УКЛО ја освоија во категоријата мистериозна кујна.Тројцата студенти, тимски, за кратко време, од непознати намирници подготвиле предјадење, главно јадење и десерт, што им го донесе високото признание „Златно тавче“.Гастрономски импресии од меѓународниот натпревар и лични впечатоци пренесоа и Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски коишто се студенти во прва година на насоката гастрономија на ФТУ.  Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски по повод триумфот истакна дека нивниот успех  е исклучително постигнување и за УКЛО. Тие заслужуваат да бидат третирани како шампиони и  упати апел нивниот талент соодветно да се препознае и да се вреднува квалитетот, бидејќи денес гастрономијата е во основата на секој бизнис со храна. Оценка е дека исклучителниот успех на студентите  покрај брендот на ФТУ, го јакне и брендот на УКЛО и  има значајно влијание во промоцијата и афирмацијата на македонската гастрономија.Организатор на Меѓународниот гастрономски фестивал во Истанбул, покрај Федерацијата на готвачи и шефови на кујни на Турција (COCFED) е и Светската асоцијација на здруженија на готвачи (WACS).Инаку, ФТУ располага со просторна и модерно опремена кујна.  На стотина квадратни метри, со современа опрема во вредност од над 15о илјади евра како резултат од залагањето на кадрите од ФТУ вклучени во повеќе проекти, Факултетот за туризам и угоститетлство – Охрид нуди повеќе од солидни можности за практично надоградување на студентите и за спојување на теоријата и праксата.

Е.Атанасоска