Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тешко повредена жена на Булевар, во неа удрил “фиат“

На 27.12.2021 во 17.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1-ви Мај“ во Битола, патничко моторно возило „фиат сеиченто” со битолски регистарски ознаки, управувано од 42 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 50 години од Битола.

Во несреќата пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.