Press "Enter" to skip to content

Традиционална новогодишна донација од “БВ бизнис груп“ (фото)

Новогодишните празници се омилен дел од секое дете, па во пресрет на празниците битолската “БВ бизнис груп“ ги израдува децата од ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас.-Радоста на децата за време на празниците да добијат пакетчиња е навистина голема и секое дете треба да ја почувствува. “БВ бизнис груп“ останува на заложбата да пружи радост и насмевка на детските лица, истакна Крсте Неделковски, генерален директор на “БВ бизнис груп“, кој додаде:-За идната 2022 година отсега ги планираме активностите како општествено одговорна комапнија со што се обидуваме да придонесеме за поголем социјален баланс.