Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ донира пактчиња таму каде е потребна најголема помош

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ЈКП “Водовод“ од Битола со донација ја покажа својата општествена хуманoст и одговорност таму каде што е потребна најголема помош.

Новогодишни пакетчиња беа донирани на здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа – Битола, авод за рехабилитација на слух, говор и глас -Битола, сега основно училиште со ресурсен центар, здружение на лица заболени од церебрална парализа “Емануил плус“- Битола и здружение на слепи лица од Битола.