Press "Enter" to skip to content

2. седница на Пелагонискиот плански регион, формиран совет за социјална заштита

Денес во Општина Битола, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион денес ја одржа втората седница, со која раководеше претседателот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,  на која беше усвоен годишниот финансиски план на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2022 година. На седницата беше усвоен и акцискиот план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2021-2026 во 2022 година.

Дел од денешната седница беше и конституирањето на Советот за социјална заштита на Пелагонискиот плански регион, во чиј состав влегуваат деветте градоначалници од Пелагонискиот регион и директорите на центрите за социјална работа од Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп и Ресен. За претседател на Советот за социјална заштита, избран е градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски.

Овој Совет е основан заради планирање и развој на мрежата на социјални услуги на регионот, а меѓудругото следи и обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, државните институции, здруженијата на граѓани, приватните даватели на социјални услуги кои дејствуваат во областа на социјалната заштита во планскиот регион, како и други работи поврзани со социјалната заштита во планскиот регион.

More from ВестиMore posts in Вести »