Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 31 нови позитивни на ковид-19, оздравени 14, починато едно лице на 51 година

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 31.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од  Битола се 14.

До сега во Битола има 9.244 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 364 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица, едно лице е од Битола  на возраст од 51 година.

Направени се ЦЈЗ Битола 74 и преку “Плодност“ 38 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.