Press "Enter" to skip to content

Новогодишни пакетчиња за центарот за поддршка во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“

Со цел разубавување на претстојните празници и внесување радост кај најмладите, Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска им подари новогодишни пакетчиња на децата од Центарот за поддршка на учењето на деца со попреченост во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Новогодишните празници, се време на дарување љубов, топлина и искрени желби. Градоначалникот Коњановски, токму во таа насока им ги честиташе новогодишните празници на децата од центарот и им посака добро здравје и многу успех во годината што доаѓа.