Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден во сообраќајка и потоа нападнат 17 годишник, повреден 62 годишен пешак, при претрес запленетги 4.000 парчиња пиротехника

На 28.12.2021 во 18.15 часот во СВР Битола А.Џ. (44) од село Обедник, демирхисарско, пријавила дека околу 14.00 часот нејзиниот 17-годишен син во близина на музеј во Битола бил удрен од патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, а по настаната вербална расправија, бил и физички нападнат од возачот на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29 декември 2021 во 06.05 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Сиљановски“, патничко возило „мицубиши колт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(62) од Битола удрило во Ф.Ц.(68) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола – информираат од МВР.

На 29.12.2021 на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на З.Т.(58) од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик. При претресот  биле пронајдени и одземени 4.274 петарди и распрскувачки материи, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.