Press "Enter" to skip to content

Со 18 гласови “ЗА“ е изгласан новиот буџет на Општина Битола за 2022, ќе “тежи“ над 2 милијарди денари

Со 18 гласови “ЗА“ Советот на Општина Битола го изгласа новиот буџет за 2022 година, кој денес беше поставен ма дневер ред пред соверниците на 5. по ред, која за денес ја закажа претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

На денесшната седница на дневен ред беа поставени следните точки: 

1.Предлог-Буџет на Општината Битола за 2022 година.

2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на  Општината Битола за 2022 година.

3. Буџетски календар за 2022 година.

4. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година.

5. Извештај за работата на Советот на Општината Битола за 2021 година.

6. Програма за работа на Советот на Општината Битола за 2022 година.

За буџетот на Општина Битола, зборуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече дека Буџетот, односно неговото усвојување ќе значи реализација на проектите на Општина Битола, а ви го пренесуваме целото негово обраќање: 

-На претходната седница на Советот на Општина Битола, усвоени се Програмите за работа на општината во следната 2022 година. Со Вашата поддршка, почитувани советници, ќе имаме можност да инвестираме кон создавање подобра иднина за нашата општина, преку реализацијата на проектите кои ги образложив на минатата седница.

Клучните области, во кои сакаме да ги зголемиме инвестициите, а со тоа и да реализираме повеќе проекти се однесуваат на економскиот развој, патната инфраструктура, животната средина, урбанизмот, спортот и младите, културата, едноставно преку подобри услуги за граѓаните, да живееме и да функционираме во општина, каде ќе има среќни и задоволни граѓани. Секако дека, доброто планирање и оправданоста на приоритетите е првиот чекор, а потоа за реализација на зацртаните проекти, неопходен е буџет.

Првата точка на денешната седница на Советот се однесува на предлог буџетот, кој согласно законската регулатива и заложбите на локалната самоуправа за транспарентност и отчетност, покрај што беше доставен на разгледување на советниците, беше и јавно достапен на веб страната на Општина Битола. Вкупниот буџет на Општина Битола за 2022 година ќе изнесува 2.077.877.957,00 денари, а висината на вкупниот износ во основниот буџет на Општина Битола ќе изнесува 1.013.147.288,00 денари. Со овој буџет, воведуваме измени во повеќе програми, односно во области за кои во изминатиот период локалната самоуправа, неможела да се пофали со висок процент на реализација.

Така, она што и како советници во минатиот општински совет можевме да го видиме беше слабата реализација на програмата за економски развој. За 2022 година, со оваа програма предвидени се 48.128.224,00 денари, со кои ќе се изготвува проектна документација за улици кои досега воопшто не биле планирани, како во урбаниот, така и во руралниот дел. Покрај проектна документација за улична мрежа, преку оваа програма ќе делуваме кон подобрување на состојбите во училишните објекти, подготовка на проектна документација за изградба на вело патека за село Дихово – село Братиндол, како и уредување на зелени површини со урбана опрема и хортикултура. Со јавната објава на програмите, граѓаните ќе можат да ги видат сите проекти за кои во 2022 година, треба да ја изготвиме проектната документација, а потоа пред вас да ја презентираме реализацијата.

Годинава што изминува во буџетот предвиден за реализација на програмата за животна средина биле предвидени 3.700.000,00, а за 2022 година, буџетот за оваа програма е значително зголемен и изнесува 9.500.000,00 . Во програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови, во 2021 година биле предвидени 5.800.000,00, а за идната година кога е предвидено да отпочне изработката на Генералниот урбанистички план, предвидени се 10.200.000,00 денари. Во програмата за туризам за разлика од минатата година кога биле предвидени 500 000 денари, за оваа година предвидени се 1 милион денари Во програмите на комуналното одделение, каде се вклучени средства за улично осветлување, уредување на градежно земјиште, одржување и развојна програма, за 2022 година планирани се вкупно 607.615.546 денари, за разлика од 2021 кога биле планирани 731.451.838 денари.

Но, разликата кај оваа програма се јавува пред се, поради тоа што, во годината која изминува, планирањето во буџетот се вршеше со измените во законот за буџети, односно за 50% повеќе од остварените приходи во изминатите 3 години, наместо сегашните 30%. Исто така 2021 година, општината ја започнала со пренесен вишок на приходи од 350 милиони денари, а 2022 година ќе ја започнеме со пренесен вишок на приходи од 260 милиони денари. Согласно тоа, особено важна кај овие програми ќе биде рализацијата, која ќе ја видиме со завршната сметка и четвртиот квартал.

За првпат за дигитализација на дел од услугите во општината, планираме 4.000.000 денари со кој ќе се изврши изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици, изградба и уредување на нов парк во Нова Битола, реконструкција на планинарскиот дом Копанки, изработка на документација за поголем број улици во руралниот и урбаниот дел на градот, изработка на документација за изградба на противпожарна зграда и спортски комплекс во АРМ, реализација на 89 проекти од програмата за економски развој, изработка на Генерален урбанистички план, реализација на 9 проекти од програмата за животна средина, реализација на 21 проект од програмата за спорт и млади, спроведување на 43 проекти од програмата за спорт и млади, реализација на програмите за туризам, еднакви можности, социјална заштита, култура, поддршка на талентирани ученици и културни уметници.