Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 36 нови позитивни, оздравени 19, починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 36.

Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од Битола се 19. 

Во Битола до сега има 9.280 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 378 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица две починати лица од Битола на возраст од 67 и 72 години во болнички услови.

Направени се ЦЈЗ Битола 84 и преку “Плодност“ 66 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.