Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го донира плишаните играчки од натпреварот со Вардар во Битола

Битолчание беа многу хумани и дарежливи кога на паркетот во салата во Битола “фрлија“ плишани играчки на повик на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, на полувремето натпреварот против Вардар 1961.

Еурофарм Пелистер ја реализира својата хумана акција која предизвика голем интерес и хуман одговор од нашите симпатизери и навивачи.

Ракометари и членови на клубот ги поделија мечињата во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“ во Битола.

Клубот и во иднина ќе реализира хуманитарни акции и со своите дела ќе ги потенцира вистинските вредности во животот.

More from ВестиMore posts in Вести »