Press "Enter" to skip to content

Мицкоски за РЕК “Битола“: вложување и модернизација, а не затворање

По посетата на Оптштина Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски одржа прес-конференција, пак РЕК “Битола“, на која зборуваше за состојбите во Комбинатот.

-Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го стави катанецот на РЕК Битола. Напротив, има намера да вложи многу пари во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси на комбинатот. Состојбата во електроенергетскиот сектор во земјава е катастрофална. И најавата од менаџментот и раководството не само во РЕК Битола, туку и во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ дека без никаков критериум, без никаква методологија, претпоставувам тоа ќе биде уште еден партиски реваншизам на Васко Ковачевски и групата околу нему кон политичките неистомисленици според нив, да бркаат луѓе, да ги праќаат на принуден одмор затоа што тие не успеале добро да го менаџираат комбинатот, односно да постојат основани сомневања дека се злоупотребуваат јавните набавки и на тој начин владее криминал и корупција во самото поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ, изјави Мицкоски. 

Мицкоски пред РЕК Битола упати две пораки. Првата порака, како што рече, е до вработените во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси, кога станува збор за заштитата на животната средина и почистиот воздух. Втората работа се однесува до раководството на РЕК Битола и денешно ЕСМ дека за она што го прават ќе има одговорност. Следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за ова што го правите изминативе четири години, а посебно што сега си играте со човечки судбини, со човечки животи во очи на големите христијански празници, како што се Божик и Бадник, луѓето и семејствата да се плашат дали ќе имаат или нема да имаат достоинствена трпеза. Се работи за лошо менаџирање и постојат основаните сомнежи за криминалот којшто се случувал во ЕСМ, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.