Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со умерана облачност, во новогодишната ноќ ведро со позитивни температури

Денес, петок, 31 декември, во последниот ден во годината, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, со позитивни температури и со услови за појава на магла понекаде во котлините. Температурата во Битола 8 степени.

Утре, сабота, 1 јануари 2022 година, во Битола времето ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно сончево, а кон крајот на денот ооблачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола 8 степени.