Press "Enter" to skip to content

Во Битола 52 нови позитивни на ковид-19, оздравени 19, починати 2 лица-едно на 46 години

Во изминатите 24 часа направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 298 оздравени пациенти, а има седум починати лица, сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Од регистрираните од Битола се 52.

Од вкупно 298 оздравени пациенти од Битола се 19.

Битола има 9.331 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 408 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица. Две починати лица се од Битола на возраст од 46 и 80 години во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 83 и преку “Плодност“ 63 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.