Press "Enter" to skip to content

“Латерал Битола“ со новогодишна програма пред кафулето “Радост“ (фото)

Потребата за прославување на новогодишните празници никогаш не била поголема, ведрата и радосна атмосвера која ја носат новогодишните и божикните празници не смееме да ја занемариме. “Латерал Битола“, како здружение кое работи во областа на културата, се залага за подигање на естетските стандарди на културно живеење во Битола и регионот.
Латерал за прослава на 2022 приреди неколку настани, следствено на мерките на заштита кои се препорачани, во центарот на град Битола, во непосредна близина на Саат Кулата, ул. “Фуштани“ бр. 8 (пред “Радост кафе“) на отворена локација.
Новогодишната програма започна со програма насловена “Магијата на Прага“ кога преку видео проекција се проектираа убавините на украсената Прага, а гостите можеа да пробаат греано вино и закуски, по традиционален рецепт, со што ќе добија дел на атмосфера од европската престолнина во центарот на Битола.
Потоа пред “Радост“ дојде Santa Claus ft. Симс Себастијан Паркет – Симс Себастијан Паркет, подели негови авторски книги како новогодишни поклони. Покрај неговите дела беа поделени и книги од веќе истакнати битолски автори. Во продолжение песна на Симс Себастијан:
Закачалка место елка….
Златната рипка од аквариумот
тажно те гледаше како го земаш палтото од закачалката
која што беше на сред соба
додека се правев дека гледам во телевизорот,
а всушност блеев во празно како и секој човек на кој му се срушиле сите соништа.
Се погледна во огледало ја провери ташната
да не случајно заборави нешто,
бидејќи беше сигурна дека веќе никогаш нема да се вратиш.
Без збор, излезе без збор,
седев на прозорец додека те гледав како заминуваш бејби.
А златната рипка се дереше на цел глас:
– Не една или две, сите сите желби
на овој свет ќе ти ги исполнам, само да не е крај.
Се свртив и ја видов прекрасната закачалка на сред соба.
Нека седи тука за нова година место елка
– си реков самиот себеси …
Потоа следуваше презентацијата на “Магијата на Виена“ во центарот на Битола, а присутните ќе имаа можност да ги увидат убавините на Виена преку видео проекцијата и беа послужувани со топчи чоколадни десерти и греано вино, сето тоа пропратено со музика која традиционално се изведува за новогодишните празници, со што добија дел на атмосвера од австриската престолнина во центарот на Битола.
Среќна нова 2022 година
ви пожелува претседателот на
“Латерал Битола“ – Игор Трајковски Фоја
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »