Press "Enter" to skip to content

Спортска ретроспектива: 2021 година во Битола во знак на ракометот, кошарката, “Трчај Бе“, фудбалот разочарување, малите спортови без големи резултати

Оваа спортска 2021 година битолските спортисти за започнаа со изборот на најдобрите спортисти на Битола во 2020 година, во организација на Сојузот на спортови на Битола, кој помина во знак на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој ги освои наградите во екипна и поединечна конкуренција.

Во тој стил помина и спортската 2021 година која изминува за неколку часови. 

Еурофарм Пелистер клуб кој го враќа домашниот и меѓународниот рекометен рејтинг на Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер предводена од Жељко Бабиќ, секако и Управата на клубот предводена од претседателот Зоран Стерјев, иможеме слободно да ги прогласиме за најдобар спортски колектив во Битола. Имаа успешна пролетна полусезона, опасно му се приближија на екипата на Вардар која десетина години е неприкосновена екипа во Македонија, но за жал на двете одлучувачки средби за титула и воракометниот клуб без поразени. Екипата на Еурофарм Пелистер не се пласира и во завршницата на СЕХА лигата, а во Лигата на Шампиони,  Еурофарм Работник во деби настапот беше во група со Спортинг (Португалија), Савехоф (Шведска), Бидасоа Ирун (Шпанија), Кокс (Финска и Татран Прешов (Словачка). Пред стартот на сезоната 2021/2022 година Пелистер го освои Супер купот кој е торфеј во Битола по долги години пост.

Оваа сезона екипата на Еурофарм Пелистер настапуваше во Евро лигата, а во Битола имаше неколку одлични натпревари, победи и секако ја помина групната фаза, а со враќањето на публиката во салата се врати на победите, по ремито во Швајцарија, натпревар кој ја “сврти“ сезоната. На домашен терен повторно битка за титула против Вардар, но по еден пораз во Скопје и само реми во Битола, скопјани се половина чекор пред нас до титулата, но има уште два натпревари за играње.

Кога сме кај ракометот мора да се спомене и младата екипа на Еурофарм Пелистер 2, која има обезбедено плеј-оф, а го направи најголемото изненадување во Супер лигата, победувајќи го Вардар во Битола, на радост нас ите љубители на ракометот. Екипа која има одличен тренер, Александар Јовиќ и ја доби довербата на битолчани.

Кошаркарите пријатно изненадување во врвот на македонската кошарка

Изминатата сезона кошаркарите на Пелистер не само што одлично играа туку и ја вратија публиката во Битола, во салата по 13 години. Битола почна да зборува за кошарка, не само за фудбал и ракомет, а полусезоната кошаркарите ја завшија без пораз. Екипата на Марјан Илиевски ако очекуваше тешка битка во борбата за титула, не очекуваше елиминација од Купот на самиот старт, што малку ја разниша довербата, кога настапуваа и без трене поради болест на Илиевски, но сепак можат да запише успешна кошаркарска сезона. Оваа сезона е во нивни знак, немаат пораз, а најголем број на победи се со “стотка“.

Пелистер има добра екипа, а како некои велат титулата е на половина пат во Битола, по победата над МЗТ Скопје во последниот натпревар оваа година. Но, за да не биде како лани, екипата мора со многу работа и сериознист да пристапи во пролетниот дел и во плеј-офот и секако во Купот. За обележување е историскиот факт, во 2021 година Пелистер играше во АБА2 лигата, а досега се одиграни три “балони“.

Фудбалот од една во друга крајност, пролетта одлична, есента катастрофа

Пролетниот дел од минатата сезона помина во знак на фудбалерите на Пелистер. Екипата на Димитар Капинковски, екипа која сите ја имаа избришано од Првата лига, не само што опстана во лигата туку кај некои во Битола и кај дел од Управата се појавија и амбиции за европски настапи. Но, наместо да се продолжи со континуитот на тимот, претседателот Пец Стојчевски се огради од клубот и Пелистер само со неколку младинци не беше админстративно избришан од Првата лига. Капинковски започна со сосем друг тим, сите од пролетниот дел си заминаа и доживеа катастрофа.

Пелистер нема ниту една победа и веќе сите го гледаат како второлигаш. Капинковски поднесе оставка, но и потоа продолжија поразите. Пелистер од октомври има нов сопственник фирмата “Спорт Бит“, но под Тумбекафе е се по старо, порази и по некое реми. За поздравување е продолжување на натпреварите во Купот, каде Пелистер веќе е во полуфиналето, а во последниот натпревар го победи Вардар на пенали, по одличбите одбрани на Филип Трајчевски.

Одбојкарките секоја сезона со исти маки, стариот тим се сели, создаваат нов

Ако во Битола станува збор за успешен спортски колектив тоа е одбојкаркиот клуб Пелистер Волеј. Тренерите, кои се и Управа на клубот, од година во година се докажуваат, но проблените во сениорскиот тим тешко, ако продолжи вака, дека ќе ги решат. Создаваат тим, започнува сезоната, играат во завршницата добро, а потоа 5-6 и 7 одбојкарки заминуваат во конкурентните тимови, каде се носители на играта. Заминуваат најчесто во Скопје, каде го продолжуваат школувањето, Роберт Митковски за наредната сезона составува тим од младинки и кадетски.

А така е и оваа сезона, во која имаа неколку тешки порази во Битола, но и добри натпревари дома и во гости. Тука се и младинските погони кои се во врвот на македонската кошарка, но и основа за првиот тим. Оваа сезона за прв пат потпишаа и засилување од Србија, а младите потпишаа и доворови со кои барем ќе се обидат да поиграат некоја сезона повеќе.

Две женски екипи во Супер ракометната лига

Оваа спортска година Битола има две жески суперлигашки ракометни екипи. Покрај екипата на Пелистер годинава битолани ја гледаа и екипата на Феникд АМС.

Кугларите стандардни,  имаат и младински екипи, а патуваа и на Европско

Битола по многу години има добри резултати во куглање, а посебно е тоа што имаме и женска и машка младинска екипа. Под водство на битолчанецот Игор Михајловски женската младинска екипа, како репрезентација на Македонија настапи на Европското првенство во Словенија. Сега кога имаат и своја нова кугларница, може да очекувама и нов подем на куглањето во Битола.

Малите спортови немаа големи резултати

Малите спортови во Битола оваа година немаа некој големи постигања со оглед на тоа што поради пандемијата се се сведе на одржување на државните првенства на кои спортистите настапија дел со малку тренинзи, а некои и без освен со индивидуалните активности. За забележување е дека Битола има државни прваци во сите спортови, џудо, пливања, кик-бокс, бокс. Неколкумина битолчани беа и во таканаречената боксерска репрезетанција, кој по името Вардар се натпреваруваат во регионалната лига во бокс. Се појавија и стрелаите со градско првенство, морокросистите, Зоран Каранфиловски – Ќаме на меѓународен план.

Битола со меѓународни судии

Спортска Битола може да се пофали и со судии кои ја делат правдата на меѓународни спортски натпревари. Во ракометот се двете судиски двојки од Битола, Митревски и Тодоровски, браќата Менде и Михајло Илиевски, а Даниело Божиновски има судиски партнер од Скопје. Тука е Благојче Ралевски кој е фудбалски судија од прва категорија, а Гордана Цветковска-Бошевска е меѓународен судија во боречки вештини, а во таа категорија останува и Ѓуро Илиќ мајстор во боречки вештини.

“Трчај Бе“, спортска манифестација која ја одбележа годината

Во Битола годинава се одржа 5. по ред спортска манифестација која слободно може да се рече дека беше манифестација која се етаблира во спортска Битола и е бредн со кој се гордеат не само организаторите туку и битолчани. Поради корона кризата г0динава немаше многу натпреварували, но годинава ако се е во ред сигурно ќе имаме рекорден број на тркачи.

Останува да им се извиниме на некои кои не сме ги споменале во оваа ретроспектива, а на сите спортисти да им посакаме успешна Нова 2022 година, со одлични резултати и секако добро здравје и сезона без повреди.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »