Press "Enter" to skip to content

Битолчани со Камерниот оркестар, Дедо Мраз, честитка од градоначалникот и голем огномет влегоа во Новата 2022 година (фотогалерија)

На платото пред Офицерски дом во Битола“, битолчани во голем број, покрај на платото, околу Офицерски и на Широк Сокак, точно на полноќ кога се преклопија сказалките на Саат кулата во Битола, со голем огномет влегоа во Новата 2022 година, со дочек кој го организираше Општина Битола, кој го наслови како “Зимска приказна“.На платото пред Офоцерски заедно со сопругата и најблиските соработници беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за прв пат откако ја презеде функцијата градоначалник на Битола.Точно на полноќ, пред да започне со одбројувањето Дедо Мраз, а потоа и градоначалникот на Битола  ја упатија до присутните и до сите битолчани новогодишната порака кон битолчани, за среќа, здравје благосостојба…Битолчани во новата година влегоа со концертот на Камерниот оркестар на Битола.Во вечерната програма од 21 часот настапија и Dj FLORE  и “Огнено шоу“, “Зимската приказна“ траеше 9 дена, со различна програма, а последните денови од декември имаше претпладевна и вечерна програма. Настапија “Боеми“, “Фолтин“, “Калабалак“, “Деспина“, Марија Груевска, “Паркети“…

Фотографии: Дамјана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »