Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 36.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од Битола се 51.
До сега во Битола 9.367 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 392 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 69 години во болнички услови.
Направени преку ЦЈЗ Битола 124 и преку “Плодност“ 44 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.